More

    Почина актерката Мајда Тушар

    spot_img

    Утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), актерка во Драмски театар Скопје (од 1972 до 2015), објави денеска Драмски театар.

    Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

    Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

    Добитник е на следните награди: 1994 година награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот, 1978 Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“, 1978 наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“, 1999 награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img