More

    По нејзиниот мозочен удар и неговата парализа на лицето, Хејли и Џастин Бибер ги чека најтешката здравствена битка?

    spot_img

    Откако Хејли Бибер, 25-годишна манекенка и сопруга на познатиот пејач Џастин Бибер, заврши во болница во март со симптоми кои укажуваат на мозочен удар предизвикан од згрутчување на крвта, здравствените проблеми на младиот пар не престануваат да се нижат.

    „Сепак, ова беше еден од најстрашните моменти во мојот живот. Сега сум дома и се чувствувам добро. Многу сум им благодарна на сите неверојатни лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене“, напишала Хејли откако излегла од болница и само неколку недели откако нејзиниот сопруг беше принуден да го откаже концертот поради инфекција со коронавирусот.

    Но, тоа не беше крајот на нивните неволји. Џастин, исто така, одложи три настапи поради болест која не е поврзана со ковид-19, односно поради синдромот Рамзи-Хант, кој неодамна му беше дијагностициран. Призна дека споменатиот синдром му ги отежнува секојдневните активности, дека почнал да има проблеми со јадењето и објасни дека боледува од делумна парализа на лицето.

    „Ова е прилично сериозно како што можете да видите. Посакувам да не е така, но очигледно, моето тело ми вели дека треба да успорам и се надевам дека ме разбирате и дека ќе го искористам ова време за да се одморам и опуштам и да се вратам на 100 отсто за да можам да го правам тоа што го правам“, рече тој и додаде: „Ќе закрепнам и ќе ги направам сите овие вежби за лице за да го вратам лицето во нормала и ќе се врати во нормала, само прашање на време е. Не знаеме колку време ќе помине, но се ќе биде во ред и имам надеж и верувам во Господ и верувам дека се се случува со причина и не сум сигурен што е во моментов, но во во меѓувреме одам да се одморам. Ве сакам луѓе“, заклучи тој.

    Она што ги заинтригира фановите на славната двојка е прашањето дали е можно, покрај сите споменати здравствени проблеми, да се мачат и со уште еден за кој досега јавно не се зборуваше. Имено, благодарение на бројните и релативно чести шпекулации за тоа дали Хејли и Џастин чекаат дете, Хејли за „Волстрит журнал“ го оментирала ова прашање.

    „Мислам дека би било идеално да се обидам некаде во следните неколку години. Но, со причина тие го нарекуваат обид, нели? Никогаш не знаете колку долго ќе трае тој процес. Дефинитивно нема да има деца оваа година; тоа би било малку бурно, ми се чини. Има една работа што им се случува на жените откако ќе се венчаат. Секој секогаш претпоставува дека љубовта е на прво место, потоа бракот, а потоа бебето. Но, што е со сите работи што сакам да ги постигнам во мојата кариера? Мислам дека ми беше вградено некаде во главата дека веднаш би сакала да имам деца и дека би сакала да имам деца супер, супер млада. И тогаш наполнив 25 години и сфатив дека сè уште сум супер, супер млада!“, заклучила таа.

    Она што многумина денес се прашуваат е дали Хејли ги спомнала обидите од причина што таа и Џастин всушност веќе некое време се обидуваат. Иако ниту таа ниту Џастин не го признаа тоа, многумина веруваат дека нејзините зборови би можеле да значат токму тоа, а што и да е вистина, едно е сигурно – времето ќе покаже.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img