More

    По крупните грешки во учебниците откриени вчера, кои предизвикаа бура од критики и потсмешливи коментари на социјалните мрежи, вчера е откриена уште една

    spot_img

    По крупните грешки во учебниците откриени вчера, кои предизвикаа бура од критики и потсмешливи коментари на социјалните мрежи, вчера е откриена уште една. На прв поглед, оваа грешка тешко се открива. Ама на втор поглед…

    Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е коректен, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија. Ова е тоа знаме:

    По крупните грешки во учебниците откриени вчера, кои предизвикаа бура од критики и потсмешливи коментари на социјалните мрежи, вчера е откриена уште една

    Но, веднаш се забележува дека тука нешто не е во ред. Барем деновиве, за време на Мундијалот, имавме можност да се потсетиме како изгледаат знамињата на Португалија и на Шпанија. И ете ја грешката – горното знаме е знамето на Шпанија.

    Еве како навистина изгледа знамето на Португалија:

    Португалија и Шпанија навистина се соседни земји, но тоа не е причина децата да учат погрешни знамиња. Освен, се разбира, ако не ги подготвуваме за работа во Протоколот на нашето Министерство за надворешни работи. Кадешто, нели, сѐе можно…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img