More

    Платите на жените во земјава се за 17.5 проценти пониски од тие на мажите

    spot_img

    Платите на жените во земјава се за 17.5 проценти пониски од тие на мажите. Нивните бизниси се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата, истакнаа учесниците на третиот Самит за женско прерприемништво, што се одржува од денеска во Скопје.

    – Капацитетот на жените во бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 проценти жени се активни на пазарот на труд поради што мора да работиме на зголемување на нивниот капацитет како економски ресурс. Повеќето од жените се во микро и малите претпријатија, а многу малку во големите компании, што значи дека она што го работат жените е со мал обрт и со малку вработувања – рече Валентина Дисовска од Националната платформа на женското претприемништво.

    Според неа, потребна е едукација, но и препознавање на добри практики и менторство, како и посветеност од институциите за подобрување на состојбите. Исто така потребен е и фонд за поддршка на женското претприемништво.

    – На бизнисот, на економијата и се потребни квалитетите на жените. Поддршката и промовирањето на женското претприемништво ќе ја подобри севкупноста на конкурентноста – истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    Според него, во последните години е направено многу за женското претприемништво, во кое, како што рече, има голема надеж.

    – Намалувањето на родовиот јаз е клучен за користење на потенцијалите на женското претприемништво во економијата – рече Битиќи истакнувајќи дека во буџетот за 2023 година е предвидена финансиска поддршка на женското претприемништво.

    За 34.25 проценти е зголемен бројот на компании управувани од жени, што според министрот за економија Крешник Бектеши покажува дека мерките на Владата имаат поддршка, но тоа не е доволно и ќе следуваат нови активности и дополнителни финансии, согласно со укажувањата од претставничките на женските бизниси.

    На настанот со над 100 учесници се споделуваат најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискутираат претставници од институции, организации и жени претприемачи.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img