More

    Лидерот на српските радикали обвинет за непочитување на Судот

    spot_img

    Меѓународниот резидуален механизам во Хаг, наследник на Хашкиот трибунал, поднесе нов обвинителен акт против лидерот на Српската радикална партија и осуден воен злосторник, Воислав Шешењ како и против четворица други функционери на оваа партија.

    Заменик претседателот на Српската радикална партија (СРС), Александар Шешељ, за Танјуг ја потврди информацијата дека неговиот татко, лидерот на радикалите, Воислав Шешељ е обвинет. Тој додаде дека обвинението е покренато и против четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ.

    – Точно е дека е покренато обвинение, тоа е ново обвинение за непочитување на судот. Тоа е измислено дело кое Хашкиот суд си даде право да го воведе како кривично дело, а тоа значи дека, за што и да проценат тие дека е  непочитување на судот, може  некого да ја обвинат – рече Александар Шешељ.

    Тој посочи дека обвинението е подигнато затоа што радикалите објавувале книги и други печатени материјали, како и видео и аудио материјали кои откриваат како сведоците на обвинителството биле поткупувани за да сведочат против Воислав Шешељ во неговиот главен случај.

    Александар Шешељ смета дека поднесувањето на обвинителниот акт во предизборниот период не е случајно. Според него, ова е нов прогон на радикалите од страна на Хашкиот трибунал, како инструмент на САД, кои повеќе од 20 години се обидуваат да ја уништат Српската радикална партија.

    Лидерот на радикалите е одговорен за прогонот и депортацијата на Хрватите од Војводина со држење на поттикнувачки говор во Хртковци на 6 мај 1992 година, објави Механизмот за меѓународни кривични судови како наследник на Хашкиот трибунал, во конечната пресуда на Воислав Шешељ.

    Жалбената комисија на Механизмот во Хаг во април 2018 година ја укина ослободителната пресуда за Воислав Шешељ и го осуди на десет години затвор за прогон на Хрватите во Војводина, наведувајќи дека тој веќе ја одлежал таа затворска казна.

    Воислав Шешељ беше прогласен за виновен по точките 1, 10 и 11 од обвинението, со кои делумно беше поништена претходната ослободителна пресуда на Судот во Хаг, според точките во кои Шешељ беше обвинет за злосторства против човештвото.

    Воислав Шешељ беше ослободен од обвиненијата за здружен злосторнички потфат, истакнувајќи дека имало напади во Хрватска и во Босна и Херцеговина, поради што му била укината ослободителната пресуда.

    Лидерот на радикалите е одговорен за прогонот и депортацијата на Хрватите од Војводина со држење на поттикнувачки говор во Хртковци на 6 мај 1992 година, објави Механизмот за меѓународни кривични судови како наследник на Хашкиот трибунал, во конечната пресуда на Воислав Шешељ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img