More

    Писател ја реши мистеријата за гробот на македонската пеачка легенда

    spot_img

    Легендарната македонска пејачка Нина Спирова, која почина на 11 септември 2020 на 82 години, е погребана во селото Коштуниќи меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија, објави писателот Синан Гуџевиќ во порталот Новости.хр.

    Во текстот „Гробот на Нина Спирова“ објавен на 29 август 2022 г., тој пишува дека Спирова таму е погребана на 13 септември 2020, со што се разреши мистеријата каде точно почива една од најпознатите македонски пејачки на забавна, староградска и народна музика на сите времиња. Последната информација што беше јавно позната во земјава беше дека Спирова живее во Филаделфија, САД и се сметаше дека таму и починала.
    Гуџевиќ кажува дека погребот во Коштуниќи го извршил свештеникот поп Дејан Ракиќ, кој дваесет години живее во селото и ја познавал Спирова.

    „Нина Спирова била блиска пријателка со една мештанка од Коштуниќи, која работела во Америка, во Филаделфија. Кога таа мештанка се пензионирала, се населила во Коштуниќи, а тоа ја привлекло и Нина Спирова да се насели. Со нив две живеела и мајката на таа мештанка. Поп Ракиќ добро се сеќава на самиот погреб. Тој вели дека пријателите и роднините ѝ подигнале споменик на Нина Спирова. Спирова имаше статус на истакнат уметник во Србија, но не и во Македонија, имаше српска пензија, но не и македонска“, пишува Гуџевиќ, кој ја објави и фотографијата од нејзиниот гроб.

    Спирова е родена во Прилеп во 1938, а почнала да настапува на возраст од 16 години. Беше препознатлива со својот специфичен кадифен глас и емотивна интерпретација. Зад неа останаа многу забавни мелодии и евергрини, како и бројни интерпретации на староградската македонска музика.

    Во 1969. година ја освјува првата награда на фестивалот „Скопје 69“ со песната „Езеро мое“ од Љубомир Бранѓолица“. Истиот успех го постигнува и со песната „На овој ден“ од истиот автор во 1973., а една година подоцна го освојува првото место со „Претчувство“ од Б. Илиќ.

     

     

    Покрај со Бранѓолица, Нина Спирова соработувала со најпознати македонски автори и аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски- Шпато, Димитар Масевски и др. Снимила повеќе од 80 композиции, меѓунив најпознати се хитови „Еден бакнеж“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“,, „Молчи, молчи“ и др.

    Скромна, ненаметлива, со однесување несвојствено за пејачка ѕвезда, Спирова се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img