More

    Пикси ги опцу албанските фудбалери

    spot_img

    Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси синоќа по пресвртот на српската фудбалка репрезентација против Швајцарија ги загуби нервите и ги опцу двајцата фудбалери со албанско потекло, Џака и Шаќири, кои играат за швајцарската репрезантација.

    Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, најави дека останува на должноста и покрај неуспехот да го однесе тимот во нокаут фазата на Светското првенство во Катар. 

    Србија го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Швајцарија (2:3) со само еден бод зад Бразил, Швајцарија (4) и Камерун (4) во групата Г. 

    – Сигурно дека ова не е резултат на кој се надевавме, но имајќи ги предвид сите проблеми кои ги имавме од доаѓањето на турнирот со повредени играчи и недоволна физичка подготвеност, очигледно тоа беа преголеми проблеми за нас. Играчите се бореа колку што можеа, дадоа сè уште од себе, но за ова ниво на натпреварување тоа не е доволно – изјави Стојковиќ. 

    Одговарајќи на новинарско прашање дали останува на селекторската клупа, Стојковиќ беше дециден дека не размислува за оставка. 

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img