More

    Петар Грашо и Хана Хуљиќ направија крштевка на ќерката со 200 гости

    spot_img

    Хана Хуљиќ и Петар Грашо во петокот на 17 јануари во строга тајност во Сплит ја крстиле својата ќерка Алба. Иако крштевката беше планирана за 19 јануари, датумот кога се венчаа, што подоцна го потврди и Тончи Хуљиќ.

    Хана и Грашо во последен момент се предомислија и крштевката ја направија во строга тајност, за да ја зачуваат приватноста, која и на двајцата им е многу важна. Како што пренесуваат хрватските медиуми, по крштевката, во еден ресторан бил организиран ручек за најблиското семејство и кумовите.

    Сепак, имало голема гозба и крштевка. Синоќа била организирана крштевка со другите колеги и пријателите во еден ресторан.

    Ресторанот „Јадран“ е некогашниот ресторан на семејството Грашо, а во него на 19 февруари минатата година Петар и Хана ја славеа и свадбата.

    Како што пишуваат хрватските медиуми, на прославата имало околу 200 гости, меѓу кои и познатите личности од естрадата.

    Да потсетиме, на 19 февруари 2022 година, пред точно една година, Хана и Грашо се заколнаа на вечна љубов во црквата Свети Доминик во Сплит. Пет месеци подоцна ја добија ќерката Алба, која сега ја крстија.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img