More

    Пет причини да се сомневате на Москва

    spot_img

    Иако се уште не е позната причината за истекувањето на гасоводот Северен ток 2, ЕУ и НАТО сметаат дека инцидентот е резултат на саботажа. Сè повеќе земји отворено тврдат дека станува збор за саботажа, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, и сè повеќе прстот се вперува во Москва. И има неколку причини да се сомневаме дека Русија стои зад овој опасен чин на „индустриска саботажа“, пишува „Фокс њуз“ и дава пет причини за сомневање во Русија

    Путин има голем мотив

    Прво, се вели дека Путин има мотивација – соочен со пораз во Украина, тој е очаен да ја сврти ситуацијата на бојното поле со тоа што ќе посегне по драматична ескалација. Ова е неговиот начин да се обиде да ги принуди САД и Европа да престанат да испраќаат оружје со долг дострел во Киев. Путин веќе најави дека приемот на Украина во НАТО е „црвена линија“ за Русија. Во меѓувреме, НАТО му порача на Киев дека „не е моментот“ за негов прием.

    Се вклопува во руската стратегија

    Друга причина е што уништувањето на клучната инфраструктура е во согласност со рускиот концепт за војување, Стратешката операција за пораз на клучната инфраструктура на противникот (СОПКВОП). Со децении, руските стратези смислуваа начини да ја заобиколат конвенционалната супериорност на САД и НАТО во конфликтот за кој заклучија дека е неизбежен, бидејќи Москва и Вашингтон спорат околу контролата на постсоветскиот простор од распадот на СССР во 1991 година. Операциите на СОПКВОП можат да бидат распоредени и во мирнодопски услови. Целта е да се „дестабилизира социјалната и политичката ситуација на противникот“.

    Нанесува големи штети на руските противници

    Трето, руските воени стратези смислија сценарио во кое Русија ќе ја таргетира цивилната инфраструктура на своите непријатели за време на конфликтот. Тие претпоставуваат дека со уништување на „мал број клучни меѓусебно поврзани цели“ кои се од витално значење за функционирањето на државата, би предизвикале „колапс на целиот систем“.

    Со исфрлање на делови од цивилната инфраструктура на противникот, како што наведуваат руските стратези, ќе има каскадни деструктивни ефекти и „предизвикување штета на економијата, здравјето, одбраната и безбедноста на целата земја“.

    Русија има средства и тајни програми за подводен тероризам

    Четврто, Русија е една од ретките земји што ги има потребните капацитети да го пресече гасоводот „Северен тек“ и тоа да го направи тајно. Москва инвестираше во способности за подводно војување преку тајната програма ГУГИ, под безопасното име Истражување на морските длабочини. Експертот за подводна војна Х.И. Сатон вели дека единицата ГУГИ, за која се верува дека е директно подредена на Путин, можеби користела шпионски бродови за да го изврши нападот.

    Путин веќе нема корист од „Северен тек“

    Петто, Путин веќе нема корист од „Северен тек“ на краток рок, бидејќи ниту гасоводот 1 ниту 2 не носат приход. Москва го затвори Северен тек 1 на крајот на август, тврдејќи дека западните санкции го оневозможуваат неговото одржување, додека Северен тек 2 никогаш не профункционира бидејќи Германија го одби неговото сертифицирање.

    Деактивирањето на Северен тек ѝ служи на целта на Путин да ја замрзне Европа во текот на зимата, стандарден потег на Путин да ја користи енергијата како оружје. Русија го заменува изгубениот приход со заработка од продажбата на гас на други, незападни земји како Индија и Кина, дури и Авганистан. Кремљ, заклучува „Фокс њуз“, ги има мотивот, средствата и воената доктрина за да се верува дека саботажата на гасоводот Северен тек е негово дело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img