More

    Пет необични намирници кои можеби се одговорни за лошиот здив

    spot_img

    Сите знаеме дека лукот и кромидот можат да предизвикаат лош здив, но има и голем број други намирници кои можат да бидат одговорни за таквата состојба. Во продолжение прочитајте за која храна станува збор.

    1. Агруми
    Бактериите кои предизвикуваат мирис сакаат кисела средина, па затоа јадењето многу цитрусно овошје може да ве остави со лош здив, особено ако имате и киселински рефлекс, објаснува стоматологот Боби Стенли. Откако ќе изедете цитрусно овошје, би било добра идеја да изедете бонбони без шеќер за да го освежите здивот.

    2. Конзервирана риба
    За разлика од свежата риба, конзервираната риба како туната и лососот имаа време да оксидираат и да реагираат на други елементи, па по консумирањето на конзервирана риба, т.н. рибен здив.

    Тој мирис на риба доаѓа од соединението кое се наоѓа во рибата наречено триметиламини, објаснува ендодонтот Адам С. Харвуд.

    За да се ослободите од тој непријатен мирис, можете да консумирате кисела храна и пијалоци како сок од лимон, сок од портокал, оцет и слично.

    3. Сирење
    „Повеќето млечни производи, вклучително и сирењето, содржат амино киселини кои реагираат со оралните бактерии за да произведат сулфурни соединенија кои можат да го направат вашиот здив кисел. Бидејќи овие бактерии се хранат со цврсти материи од млеко, тие создаваат вишок водород сулфид“, вели Харвуд.

    Како резултат на тоа, се појавува мирис на расипани јајца. Во овој случај најдобро е да ги миете забите со паста за заби со флуор, пишува eatingwell.

    4. Сос од домати
    Како и агрумите, киселоста на доматите може да предизвика акумулација на киселина во устата и да го поттикне растот на бактериите, вели стоматологот Пол Сасман. Овие бактерии можат да предизвикаат лош здив.

    Кога следно ќе јадете тестенини со црвен сос, имајте при рака чаша вода за време на вечерата за да ја исплакнете устата и да ги држите бактериите под контрола.

    5. Кафе
    Иако кафето има голем број здравствени придобивки, треба да се напомене дека исто така ја суши устата, што го намалува протокот на плунка и им овозможува на бактериите со непријатен мирис не само да растат, туку и да се задржат подолго во устата, објаснува Харвуд.

    Кога пиете кафе, ако не сакате лош здив, важно е да останете хидрирани. За секоја шолја кафе што ќе ја испиете, пијте чаша вода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img