More

    Песков: Политизирана одлука на ЕУ за Украина и Молдавија, Русија импресионирана од Унгарија

    spot_img

    Одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија е политизирана и може да го дестабилизира блокот, соопшти рускиот Кремљ.

    „Преговорите за влез во ЕУ може да траат со години или децении. ЕУ отсекогаш имала строги критериуми за пристапување и очигледно е дека во моментов ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Тој посочи дека е сосема јасно дека се работи за апсолутно политизирана одлука, односно желба на ЕУ да демонстрира поддршка за споменатите земји.

    „Сепак, таквите нови членки може да ја дестабилизираат ЕУ, а бидејќи живееме на истиот континент, секако внимателно ја следиме ситуацијата“, рече Песков.

    Лидерите на ЕУ во четвртокот се согласија да започнат пристапни преговори со Украина и покрај војната со Русија, но не можеа да се договорат за пакет финансиска помош од 50 милијарди евра за Киев поради противењето на Унгарија.

    Песков нагласи дека Унгарија не е проруска земја, но дека Русија е импресионирана од подготвеноста на Будимпешта да ги брани своите интереси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img