More

    Пендаровски се пофали со новото милениче

    spot_img

    Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот Кабинет, напиша на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски, претставувајќи му го на јавноста неговото ново милениче.

    „Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот шарпланинец, тримесечниот Рок“, напиша претседателот под фотографијата.

    Објавата следуваше откако во јавноста се појави информација дека Пендаровски ѝ го подарил кучето на унгарската претседателка Каталин Новак.

    – Претседателката веќе има две кучиња. Ова беше само да ѝ покажеме еден домашен вид на куче, раса која е специфична за ова поднебје. Со Европската Унија можеме да водиме преговори, но не го даваме Роки, се пошегуа Пендаровски на крајот од прес-конференцијата со Новак.

    На тоа се надоврза и унгарската претседателка која изјави:

    – Веројатно моите домашни кучиња нема да го примат Роки и би им пречело. Мене ми е многу што го погалив, но ќе го оставам тука – кажа Новак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img