More

    Пендаровски ќе оди во посета на манастирот со владици

    spot_img

    На 2 Август во манастирот Прохор Пчински ќе има црковно-државна делегација од македонска и од српска страна, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за телевизија Канал 5.

    – Илинден, како секој пат што сме славеле. Тоа во Бугарија што ќе слават е нивно. Не се сменило ништо, бидејќи за тоа прашање во историската Комисија никогаш ниту е разговарано, ниту е дојдено до заеднички заклучок – изјави Пендаровски.

    Тој посочи дека славиме два Илиндена и затоа локациите се така одбрани.

    – За првиот Илинден во Крушево, за вториот со години и години во Пелинце, бидејќи не можевме да славиме на вистинското место каде што е основана современата македонска држава во Прохор Пчински и тука сега има една убава работа што веќе ја најавивме – рече Пендаровски.

    За тоа дали таму ќе биде во посета или тоа ќе биде одбележување, Пендаровски посочи дека таму ќе биде наша црковно-државна делегација.

    – Ќе биде посета, меѓутоа на манастирот. Ќе биде црковно-државна делегација од наша страна и иста таква од српска страна. Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, ќе ја предводи српската делегација, а јас во мојата делегација имам и министри и најверојатно двајца или тројца, ќе видиме, владици од Синодот на Македонската православна црква – појасни Пендаровски.

    Шефот на државата посочи дека прашањето за честувањето на 2 Август во манастирот Прохор Пчински, го отворил во телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква по повод нормализирањето на односите меѓу двете цркви.

    – Тогаш, во тој разговор го замолив и за 2 Август. Рано е уште, меѓутоа сакаме да го посетиме и чествуваме како што доликува местото каде што е формирана современата македонска држава, ми рече го имате мојот збор. Вчера разговарав уште еднаш со Порфириј, уште еднаш му се заблагодарив дека навистина го држи зборот – изјави Пендаровски.

    За учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ, Пендаровски рече дека разговарале и вчера, но дека тој нема да биде во Србија на тој ден и затоа го праќа министерот Селаковиќ. Вучиќ, како што рече Пендаровски, му изразил уверување дека тоа ќе биде организирано и по црковна и по државна линија, како што доликува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img