More

    Пејачката непрепознатлива на доделувањето на наградите Греми

    spot_img

    Многу од обожавателите на Мадона на социјалните мрежи ја изразија својата загриженост и изненадување откако ја видоа пејачката на доделувањето на Греми наградите во неделата.

    Мадона излезе на сцената за да ги најави Ким Петрас и Сем Смит, кои го изведоа нивниот заеднички хит „Unholy“, за кој освоија Греми во категоријата најдобра поп песна дуо/група.

     

    – Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои кројат нов пат и го поднесуваат притисокот од него. Сите вие ​​„проблематични“ треба да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Видени сте, слушнати сте, а најмногу од сѐ, ценети сте – изјавила Мадона.

    Меѓутоа, набрзо сѐ падна во втор план. Она што ги привлече гледачите е лицето на Мадона, за кое многумина веруваат дека по бројните естетски зафати на кои се подложила повеќе не личи на „старата“ Мадона.

     

    – Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице – напишал еден обожавател на Твитер со мимичко видео на кое Адел збунето гледа кошаркарски натпревар.

    – Ова навистина изгледа како некаква копија додека во позадина се пуштаат фотографии од вистинската Мадона. Навистина си го уништи лицето – напишала друга личност, осврнувајќи се на фотографиите на Мадона за време на нејзиниот музички врв, кои биле проектирани зад пејачката.

    – Мадона изгледа добро за своите години… ако има 2.700 години и е вампир кој јаде живи бебиња и мали животни – на некои луѓе им било полесно да ја употребат споредбата.

    – Дали Мадона е номинирана за „Најдобро ново лице“ на овогодинешните Греми награди? – се пошегувал уште еден корисник на Твитер.

     

    ФОТО: Инстаграм

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img