More

    Европската унија ќе ѝ додели 100 милиони евра на РС Македонија за справување со последиците од енергетската криза

    spot_img

    Европската унија ќе ѝ додели 100 милиони евра на РС Македонија за справување со последиците од енергетската криза. Денеска Европската комисија даде предлог за обезбедување на овие средства за земјата преку пакетот за макрофинансиска поддршка воспоставен во време на ковид-кризата, соопшти Министерството за финансии.

    Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на РС Македонија во текот на оваа и наредната година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи насочени во областа на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската, ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

    – Ова  значи поддршка од ЕУ на земјата на патот кон членство во ЕУ, поддршка за реформите и најзначајно поддршка на политиките во време на криза. Таа стигнува како потврда на она што го преземаме откако претходно тоа беше потврдено и од меѓународните финансиски институции – истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

    И заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, објави на својот Фејсбук профил дека Европската комисија денеска дала предлог да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија.

    – Со оваа помош од 100 милиони евра уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи – напиша Маричиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img