More

    Парите собрани од Законот за солидарност ќе бидат заведени како ковид-помош, иако ковидот одамна го нема?!

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија, каде што, меѓу другото, се разговараше и за најновиот даночен закон кој денеска веќе влезе во собраниска процедура, наречен Закон за солидарност.

    Запрашан од медиумите што мисли со тоа што се наговестува дека власта има скриени намери со носењето на овој закон, Мицкоски истакна дека јавноста мора да знае и да има увид како ќе се трошат парите кои ќе се соберат преку овој закон, додавајќи дека истите се затскриени во ставка ковид-помош, а ковидот одамна го нема.

    – Ако го видите предлогот ќе видите дека средставата кои што евентуално би биле собрани од овој закон ќе бидат ставени на ставка во буџетот каде што немаме транспарентно увид во тоа како ќе бидат тие трошени, односно ќе бидат затскриени како ковид-помош, иако ковидот одамна помина. Ние денеска се обидовме да отвориме една јавна дебата за ова да може јавноста да го слушне, еве сега ние преку оваа прес конференција имаме можност тоа да го кажеме, но ние сакавме на јавна дебата каде што ќе може и бизнисот и јавноста да дадат свое мислење поврзано со ова – рече Мицкоски.

    Мицкоски додаде дека власта очигледно не сака јавноста да има увид во трошењето и содржината на законот и затоа тој е ставен во скратена собраниска процедура со европско знаменце.

    – Ние во рамките на процедурата понатаму, знаете таа е со злоупотреба на европското знаменце, ограничена е во три дена, ќе предложиме и амандман со кој што ќе побараме средствата да бидат јавно, во посебна ставка ставени и тие кои што ќе се соберат да може јавноста да има увид каде овие пари ќе се трошат – посочи Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img