More

    ОВА СЕ СЕДУМТЕ ПРОРОШТВА НА БАБА ВАНЃА ЗА 2024 ГОДИНА

    spot_img

    Баба Ванѓа, позната слепата видовита жена од Петрич, Пиринска Македонија, пред нејзината смрт направила седум пророштва за 2024 година.

    Баба Ванѓа живееше од 31 јануари 1911 година до 11 август 1996 година, е надалеку е позната по својата способност наводно да ги предвидува идните настани. Тврдеше дека своите први визии ги доживеала кога имала 12 години, откако била ослепена. Се тврди дека предвидела многу настани од глобално значење, меѓу кои и распадот на Советскиот Сојуз, трагедијата во Чернобил, смртта на принцезата Дијана, терористичкиот напад 9/11, Брегзит…

    Секако, има скептици кои тврдат дека нејзините визии се нејасни и случајни и дека врз нив се градени медиумски приказни.

    Британски медиуми ги пренесуваат нејзините предивидувања за 2024 година:

    1. Атентат врз Путин 

    Баба Ванѓа имала визија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде убиен од атентатор од неговата земја токму идната година. Патем речено, Кремљ ги демантираше шпекулациите дека здравјето на Путин е загриозено.

    2. „Една голема земја“ ќе тестира биолошко оружје, а Европа ќе биде под терористички напади

    Според јасновидката, една „голема земја“ следната година ќе изврши тестови или напади со биолошко оружје. Таа предвиде дека терористи ќе извршат напад во Европа.

    3. Лек за ракот и за Алцхајмеровата болест

    Баба Ванѓа предвидува позитивни настани во областа на медицината, што подразбира нови третмани за некои неизлечиви болести, вклучително и за Алцхајмеровата болест. Таа исто така рече дека ќе има и лек за ракот во 2024 година.

    4. Голема економска криза

    Бабата од Петрич предвиде голема економска криза, која ќе влијае на глобалната економија следната година.  Нејзината „анализа“ зборува за неколку фактори кои придонесуваат за тоа – зголемувањето на нивото на долгот, понатамошните геополитички тензии и промената на економската моќ од Запад на Исток.

    5. Застрашувачки климатски промени и природни катастрофи

    Баба Ванѓа предвидува дека следната година ќе има застрашувачки временски настани и природни катастрофи. Ќе дојде до  промена на орбитата, која обично се случува во подолг период. Меѓутоа, ако тоа се случи за краток период, тоа може да предизвика проблеми, вклучително и нарушување на климата и скок на нивото на радијација.

    6. Сајбер напади

    Визиите на Баба Ванѓа се толкуваат и како предвидувања за пораст на сајбер напади. Напредните хакери директно ја нападнат виталната инфраструктура, како што се електричните мрежи и станиците за третман на вода. Тоа ќе доведе до закана за националната безбедност.

    7. Вештачката интелигенција уште повеќе ќе напредува

    Јасновидката наводно имал и визија дека ќе дојде до голем напредок во квантното пресметување. Квантното пресметување брзо напредува и може да ги реши проблемите побрзо од традиционалните компјутери. Ако тоа се случи следната година, вештачката интелигенција ќе биде забрзана уште повеќе.

    ***

    Тешко е да се поверува дека Баба Ванѓа од Петрич за време на својот живот можела вака прецизно да предвиди феномени како што се конкретни медицински откритија, климатски промени и развој на науката и на вештачката интелигенција, но секогаш има креативни толкувачи на нејзините визии, чии толкувања подоцна се остваруваат или не.

    Некои веруваат, некои не, но не може да се одрече дека слепата старица од Петрич и натаму живее во сеќавањата на луѓето и ја возбудува јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img