More

    Ова се можни причини за вртоглавица. Некои се симптоми на сериозни болести

    spot_img

    Вртоглавицата е првенствено многу непријатна појава за многу луѓе, а најчесто се јавува кај постарите лица. Иако во повеќето случаи тоа не е знак за големи здравствени проблеми, понекогаш може да биде така, па никогаш не треба да го игнорираме, предупредуваат лекарите.

    Според Harvard Health, постојат неколку различни причини за вртоглавица, од кои некои се сосема безопасни, додека други бараат итна медицинска помош.

    Можни причини за вртоглавица:

    – дехидрација

    – земање одредени лекови
    – нагло опаѓање на крвниот притисок
    – намалено ниво на шеќер во крвта.

    И додека споменатите симптоми не се толку опасни за нашето здравје, но лесно се решат со одредени промени во животниот стил или евентуално терапија, вртоглавицата понекогаш може да биде знак за срцев или мозочен удар, кој може да биде фатален доколку не се реагира на време.

    Други симптоми на срцев удар кои често ја придружуваат вртоглавицата се притисок во градите, отежнато дишење, гадење, болка во раката, грбот или вилицата. Од друга страна, симптомите кои укажуваат на мозочен удар вклучуваат ненадејна појава на остра главоболка, чувство на слабост, проблеми со видот, отежнато одење и нејасен говор, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img