More

    Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

    spot_img

    Полицијата денеска уапси маж и жена за кои се верува дека неколку пати јаделе скапа храна, а потоа избегале без да ги платат сметките во рестораните.

    Голем број ресторани низ јужен Велс тврдат дека биле жртви на „кражба на храна“ од минатото лето.

    Осомничените, на возраст од 41 и 39 години, биле уапсени за измама и кражба утрово во нивниот дом во Порт Талбот и сега се на распит во полициската станица во Свонси.

    Најмалку седум ресторани тврдат дека двојката наводно била вклучена во шемата „јади и бегај“, каде што нарачувале скапи ставки од менито, обично стекови, пред да избегаат и да ја остават сметката неплатена.

    Последен пат тие тоа го направиле во друштво на уште шест лица.

    Вработените во италијанскиот ресторан „Bella Ciao“ во Порт Талбот, западно од Свонси, велат дека осумчлено семејство го напуштило ресторанот без да плати скап оброк во петокот навечер.

    Гостите нарачале скапи стекови, двојни десерти и 15 шишиња сок, но почнале да враќаат неколку полупразни чинии, што ги изненадило вработените. Откако ја добиле сметката, снимката од надзорните камери покажува дека мајката на групата се обидува да плати со штедна картичка која двапати била одбиена.

    Таа, наводно, им рекла на вработените дека нејзиниот син ќе чека внатре додека таа оди да ја земе својата „друга картичка“, но таа не се вратила, а неколку моменти подоцна и момчето исчезнало од просториите.

    – Кога момчето стигна до вратата, побегна. Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да не оди – изјави менаџерот Тајрон Рис за „Мирор“.

    За да го наплати долгот, ресторанот се обидел да стапи во контакт со бројот со кој семејството правело резервации, но се покажало дека дале „лажен“ број.

    Ресторанот го сподели видеото од семејството, кое брзо стана вирално, а го погледнаа повеќе од 12 милиони луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img