More

    Ова не е класично киднапирање, истрагата насочена кон родителите

    spot_img

    Потрагата по 2-годишното девојче Данка Илиќ кое исчезна во вторникот во пригратската населба Банско Поље кај Бор, во Источна Србија, денеска добива пресврт.

    Полицијата вчера околу 17:30 часот го прекина пребарувањето на теренот.

    „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“ – соопшти полицијата. Српските медиуми јавија дека полицијата сега има нова трага, која истрагата ја води подалеку од местото на исчезнувањето. Но, денеска полицијата повторно се врати и ја опколи напуштената викенд-куќа во Банско Поље пред која пред два дена исчезна 2-годишната Данка.

    Во дворот се појавил багер, а полицијата ја опколи куќата во Бањско Поле и го спречува пристапот. Телеграф.рс објави дека полицијата отвора шахти и околу куќата на семејството Илиќ.

     

     

    Враќањето на полицијата на местото каде што е пријавено дека во вторникот околу 13часот и 45 минути исчезнало девојчето додека мајката му давала вода на постарото братче, претставува пресврт во истрагата.

    Поранешниот началник на српската Управа за криминалистичка полиција, Миле Новаковиќ, вели дека информациите кои и се досега познати на јавноста во врска со исчезнувањето на 2-годишното девојче, ја исклучуваат можноста за класично киднапирање и дека сега се е насочено кон испрашување на најблиските.

    – Сега се е насочено кон родителите, се проверуваат нивните контакти, телефони, веројатно некои од најблиските членови на семејството ќе мора да направат полиграф – изјави Новаковиќ.

    Тој додава дека веројатно детално се проверуваат граничните премини.

    -Се проверува кој ја поминал границата со деца, на сè треба да се внимава. Искрено, ова не ми изгледа како класично киднапирање, бидејќи има мали шанси некој да киднапира дете токму така на такво место – вели поранешниот прв човек на УКП.

    Милош и Ивана Илиќ, родителите на исчезнатото девојче Данка, од утрово се вратиле во полициската управа во Бор каде се водат сите увиди за околностите под кои исчезнало детето, дознава Нова.рс.

    – Родителите синоќа беа разделени, секој беше во својот семеен дом, а полицијата ги надгледуваше. Од утрото се вратија во полициска станица со вработените во Центарот за социјални работи –  вели извор од истрагата.

    Како што дознава порталот, постарото дете, чија мајка изјавила дека му дава вода во моментот кога исчезнала малата Данка, до завршување на истрагата предадено е на чување кај неговите баба и дедо.

    Мајката на Данка, Ивана Илиќ, која изјави дека 2-годишното девојче исчезнало додека му давала вода на синот, за српските медиуми даде повеќе информации.

    – Додека се свртев, ја немаше. Уште нема две години, во 5-ти месец ќе наполни две години. Уште не зборува. Викав, ја довикував, но не ми одговори јас. Има една шумичка во близина. Му се молам на Бога што побрзо да ја најдеме – изјави мајката на исчезнатото девојче.

    Таа го побарала сопругот кој според нејзиното сведочење во тоа време бил во Бор, а потоа повикале и полиција.

    – Живееме во Бор. Ги донесов децата да се истрчаат и да се прошетаат. Моите родители се од тука и често сум престојувала таму како дете – изјавила мајката на Данка, Ивана Илиќ.

    Некои од локалните жители во населбата Банско Поље претходно изразија чудење зошто  мајката со двете мали деца дошла токму сега во напуштената викендичка во која не дошла со години и во која нема никакви услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img