More

    Отворен „One-stop-shop“ на преминот Ќафасан-Ќафтане

    spot_img

    Премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop“, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане. На настанот на кој присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за царинско управување на двете земји, се обратија премиерите Ковачевски и Рама, како и вицепремиерите Груби и Балуку.

    – Денес овозможуваме побрз проток на нашите граѓани, помеѓу двете држави и побрз проток на компаниите кои што транспортираат производи на најголемиот граничен премин помеѓу двете држави. Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските помеѓу луѓето, комуникацијата помеѓу луѓето. Го зголемува и дружењето помеѓу луѓето, нешто што цел половина век фалеше помеѓу Албанија и во тоа време Македонија. Денес сето тоа е минато и денес ние претставуваме пример како треба да се однесуваат две соседни држави. Со ова се олеснува работата на 11.000 компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз, кои се ориентирани кон трговија со други држави. На овој начин означуваме полесен пристап до пристаништата во Албанија. На овој начин овозможуваме полесен пристап и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Северна Македонија. Најубавите се тука токму на неколку километри од овој граничен премин – рече премиерот Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img