More

    Откриено кој ќе го наследи имотот „Грејсленд“ по смртта на Лиза Мари Присли

    spot_img

    Ќерките на неодамна починатата Лиза Мари Присли ќе го наследат импозантниот имот „Грејсленд“ по желба на нивната мајка. Имотот во Мемфис ќе го делат 33-годишната Рајли Киу и 14-годишните близначки Харпер и Финли Локвуд, потврди портпаролот за „Пипл“.

    Имотот е многу популарен меѓу обожавателите на кралот на рокенролот и не само што Лиза Мари порасна таму, туку и Елвис почина на имотот во 1977 година, кога имаше 42 години. Лиза Мари тогаш имала само 9 години.

     

    „Грејсленд“ ѝ беше оставен на Лиза Мари, единственото дете на кралот на рокенролот, како дел од нејзиното наследство во фондацијата врз која таа ја презеде контролата во 1993 година, на нејзиниот 25-ти роденден, и стана единствен сопственик на имотот.

    За да продолжи успешно да управува со „Грејсленд“, Лиза Мари реши да основа нова фондација со нејзината мајка, 77-годишната Присила Присли. Таа итро го основа Елвис Присли Ентерпрајс, го отвори Грејсленд за јавноста и им понуди на обожавателите обиколки на имотот и ноќевања, на тој начин капитализирајќи го неговиот имиџ и масовното обожавање.

     

    Елвис ја купи познатата куќа во 1957 година за 100.000 долари, а магазинот „Ролинг стоун“ во 2020 година напиша дека вредноста на Грејсленд се проценува на 500 милиони долари.

    „’Грејсленд’ мене ми е даден и ќе остане мој засекогаш. А по мене ќе го наследат моите деца. Никогаш нема да го продадеме”, изјавила Лиза Мари во 2013 година.

    Да потсетиме, Лиза Присли доживеа застој на срцето во својот дом во предградието на Лос Анџелес Калабасас. Откако итно беше пренесена во болница во Лос Анџелес, таа почина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img