More

    Осуда за нападот од САД, ЕУ и НАТО

    spot_img

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати апел до рускиот претседател Владимир Путин да не издава наредба до војниците да ја нападнат Украина во контекст на извештаите за неизбежен напад.

    – Денот беше полн со гласини и индикации дека е неизбежна офанзива против Украина. Значи, ако навистина се подготвува операција, имам само едно да кажам од се срце. Претседателе Путин, запрете ги вашите војници да ја напаѓаат Украина, дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе умреа – рече Гутереш на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

    Во тек е итна седница на Советот за безбедност на ОН. Амбасадорот на Украина во ОН Сергиј Кислица изјави дека рускиот претставник во ОН потврдил дека неговиот претседател Путин и објавил „војна на мојата земја“, пренесува Би-Би-Си.

    Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.

    -Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите ќе одговорат обединето и одлучно – реча Бајден.

    Светот ќе ја повика Русија на одговорност, истакна во објавеното соопштение.

    Бајден најави дека денеска има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ „околу понатамошните последици што САД, сојузниците и партнерите ќе ги наметнат врз Русија за овој непотребен акт на аресија против Украина и против глобалниот мир и безбедност“.

    -Исто така ќе се координираме со нашите сојузници од НАТО да осигураме силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против алијансата.Целиот свет вечерва се моли за народот на Украина – рече Бајден.

    Европската унија ја смета Москва за одговорна за „неоправданиот“ напад врз Украина, нагласи денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    „Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца кои се соочуваат со овој, неиспровоциран напад и кои се плашат за своите животи“, објави таа на Твитер.

    „Ќе бараме одговорност од Кремљ“.

    Лидерите на ЕУ треба да одржат итен самит во Брисел денеска, откако вчера стапи на сила првиот пакет санкции на ЕУ против Русија.

    И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен напад“ врз Украина, јави Би-Би-Си.

    Во објава на Твитер, тој вели дека со нападот „се доведуваат во ризик безброј животи на цивили“. „Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“, додава тој.

    Столтенберг посочи дека сојузниците од НАТО ќе се состанат за да се осврнат на „обновената агресија“ на Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img