More

    Османи за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прекине секаква комуникација со власта, вклучувајќи ги и разговорите за уставните измени, е многу лоша и непромислена. Со ваквата одлука, како што рече денеска, опозициската партија уште еднаш потрфли и покажаа дека ниту сака, ниту има намера некогаш да се соочи со кој било предизвик на државата. На ВМРО-ДПМНЕ, оцени Османи, и се важни само власт и моќ.

    Османи рече дека очекува да работи со патријата, но најави дека ќе се работи и  паралелно со пратениците.

    – Очекувам да работиме до последниот ден со партијата. Мислам дека е почесно така и од наша страна и покоректно за граѓаните барем еднаш една одлука да донесеме заеднички. Но, ако тоа не дава плод, ние мора паралелно да работиме и со пратеници кои не сакаат да бидат заложници на амбициите и сакаат да поддржат европска перспектива на државата преку имплементирање на нашиот интерес – рече Османи.

    Тој очекува за уставните измени да гласаат повеќе пратеници од потребниот број бидејќи смета дека пратениците се свесни дека уставните измени се во интерес на државата, како и дека ваква втора шанса земјава веќе нема да добие.

    – Сега сме во натпреварот, прашање е дали ќе продолжиме или ќе излеземе од игра – рече Османи.

    Тој оцени дека последната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да запре со комуникација со власта е од наивност или од преголема оптовареност за власт.

    – Покажаа дека ниту сакаат, ниту имаат намера некогаш да се соочат со кој било предизвик на државата. Единствено им е важно да разговараат за избори, власт и моќ. И тоа е жално во овие моменти. Дури усепаја, како во ретко која земја во светот, десницата да се препознае како антоним на евроатлантската интеграција. Изјавата беше многу лоша, не знам дали ја промислија, но партија која претендира да преземе одговорност, да излезе да каже „јас не разговарам со никого за ништо друго освен за тоа да станам премиер, министер, заради мојата политичка кариера, е најлошата порака што можете да ја дадете. Граѓаните не ги интересира кој каде е и на која позиција, тие бараат решенија за нивните проблеми – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img