More

    Османи најави дека ќе се разговара со новата бугарска влада

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека властите во Скопје се подготвени за разговори со новата бугарска влада. Оваа порака Османи ја испрати за време на 16-тото издание на меѓународниот „Дубровнички форум“ во Хрватска, каде што присуствуваше и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

    Според Османи, „уставните измени во Република Северна Македонија се сериозна предизвик” за земјата.

    – Но, се надевам дека по формирањето на редовната влада во Бугарија, како и со меѓународната поддршка за процесот, вклучително и нашата подготвеност да разговараме со новата бугарска влада, може да значат точка на неповратност во однос на нашиот Евроинтегративниот процес – рече Османи на време на панел дебатата – „Западен Балкан: нов евроатлантски момент“, соопшти МНР.

    Како што соопшти Министерство за надворешни работи, Османи во текот на дискусијата ја презентирал и тезата дека застојот во евроинтеграциите кој е предизвикан од немањето јасна слика за придобивките од двонасочниот процес кој е во интерес на Западен Балкан,  може да се реши  со моделот – „Повеќе интеграции пред членство“. Тоа би значело постепена интеграција на земјите кандидати, преку пристап до фондовите на ЕУ и други предности од пристапниот процес“.

    – Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е двонасочен процес, кој е во интерес на самиот регион, но не помалку Европската унија и нејзините земји-членки. Во недостиг на јасна слика за таквите придобивки, сме завршиле во криза на недоверба и потребно е што поскоро идентификување на интересот кај двете страни –рече Османи  на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”, во рамки на Дубровник форум.

    Изјавата на Османи за преговорите со новата бугарска влада се најде и во бугарските медиуми во кои се наведува дека Скопје се надева на нови преговори со Софија.

    Османи  денеска, пак рече дека, по вчерашната прва средба со бугарската колешка Марија Габриел, која освен шеф на дипломатијата е и вицепремиерка, не може да добие целосен впечаток за позициите на новото бугарско раководство.

    Османи, како што соопшти денеска на прес-конференција, во текот на разговорите со Габриел кажал дека во Северна Македонија и во Бугарија постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите.

    – Зборувавме и за уставните измени, информирав до каде е процесот. Кажав дека очигледно во двете земји постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите, бидејќи некако, изјавите премногу временски коинцидираат – како дава изјава некој порадикален бугарски политичар, веднаш нашите реагираат. Немам докази и не е моја работа да најдам докази, но чувството ми е дека можеби веднаш си го препознаваат моментот за да профитираат политички и дека е важно барем официјалните претставници на државите да имаат позитивни пораки, почеста координација за полека да се создаде доверба, зашто кога има доверба, потоа се излгеда полесно – информира Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img