More

    WhatsApp воведува нова опција за планирање настани

    spot_img

    Планирањето и организирањето настани е незаменлив дел од животот на многу луѓе, па затоа веќе имаме бројни апликации и календари кои помагаат во тоа.

    Сега WhatsApp добива и опција која исто така ги олеснува овие активности.

    Опцијата за планирање настани доаѓа до групни пораки, а нејзината главна задача е да им олесни на поединците и организациите да закажуваат онлајн состаноци и собири во живо. Корисниците на тој начин можат да закажуваат роденденски забави, деловни состаноци и други настани, а сè функционира слично како и услугите за e-vite кои испраќаат покани преку е-пошта, пренесува PCpress.

    Како дел од новата функција, сите учесници во комуникацијата можат да дознаат сè за закажаниот настан, а одговорите и известувањата се сведени на минимум за телефонот да не се оптоварува со непотребни известувања – секој може да дознае се за забава или уште еден настан многу лесно кога сакаат.

    Опцијата „WhatsApp настани“ најпрво ќе пристигне во WhatsApp Communities (слично на Slack), а во следните месеци до сите групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img