More

    Орбан: Европската историја влезе во „ера на војна“ и луѓето ќе мора да се борат за работи кои досега ги земаа здраво за готово

    spot_img

    Европската историја влезе во „ера на војна“ и луѓето ќе мора да се борат за работи кои досега ги земаа здраво за готово, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува Нова.

    – Никој не помисли на 24 февруари дека војната меѓу Украина и Русија нема да биде само конфликт, туку дека ќе го означи крајот на старата ера и почетокот на новата ера на војна во европската историја – изјави Орбан за Радио Косут.

    – Освен на фронтовите, војната се води и во светската економија, особено во европската, а тоа го покажува поскапувањето на енергенсите, а ќе се води „голема битка“ за обезбедување на енергија и намалување на трошоците за живот – додаде Орбан.

    Веројатно ќе има „борба за работни места“, бидејќи политиката на санкции и војната ја туркаат европската економија во рецесија, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img