More

    Она што ќе го изненади секој турист кој во зима ќе се најде во земји како Шведска и Данска се редовите колички за бебиња наредени на тротоарот пред кафулињата и рестораните

    spot_img

    Она што ќе го изненади секој турист кој во зима ќе се најде во земји како Шведска и Данска се редовите колички за бебиња наредени на тротоарот пред кафулињата и рестораните. Додека родителите пијат кафе и чај внатре, нивните деца спијат покриени на температури под нулата, дури и ако паѓа снег или дува ветер.

    А кога се дома, за попладневната дремка на бебето, родителите ќе ја извадат количката на тераса за бебето да не го пропушти редовното секојдневно вежбање на суровиот северен воздух.

    Надвор во градинките секое попладне има колички со заспани бебиња, што покажува дека тоа не е само каприц на родителите туку официјална здравствена политика во овие земји.

    – Кога температурата ќе падне под -15 степени, мора да ја покриеме количката со ќебиња – изјавила за Би-Би-Си воспитувачка во градинка од областа Стокхолм.

    Обичајот да се остават децата да спијат на студ има многу длабоки корени во културата и традицијата на скандинавскиот народ, а зад него стои верувањето дека оваа практика создава здрави и издржливи деца.

    Скандинавците се воспитани да веруваат дека тоа што е надвор во сите временски услови е добро за нивните деца. Така правеле нивните баби и мајки, така прават и денес. Освен што е добро за имунитетот, спиењето на ладно ги прави бебињата да спијат подобро и подолго, велат скандинавските родители.

    Според едно истражување спроведено во Финска, оптималната температура за бебињата да спијат на отворено е -5 степени, иако многу родители велат дека ги оставаат децата надвор да спијат на неверојатни -30 Целзиусови степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img