More

    ОН: Катаклизмична ситуација на Хаити

    spot_img

    Ситуацијата на Хаити е „катаклизмична“ со 1.554 загинати во првите три месеци од годинава – предупредија Обединетите нации, посочувајќи дека „порозните граници“ го олеснуваат снабдувањето со оружје и муниција на бунтовниците кои, се помоќни од полицијата, се борат за рушење на власта.

    Хаити, кој долго време е во криза, е зафатен од масовно насилство, а неколку вооружени групи се борат да ја соборат владата на премиерот Ариел Анри, кој прифати да поднесе оставка во егзил на 11 март.

    Идниот претседателски совет, кој треба да ја преземе власта, во средата вети дека ќе го врати редот и демократијата.

    Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тиркје, во извештајот напиша дека корупцијата, неказнивоста и лошото владеење го поткопале владеењето на правото на Хаити и ги довеле државните институции на работ на колапс.
    Тој наведе дека бројот на убиени и ранети во тепачки, грабежи и продолжено насилство е значително зголемен од 2023 година, кога биле регистрирани 4.451 убиен и 1.668 ранети. Во првите три месеци од годинава загинале 1.554, а ранети 826.

    Паралелно со засилувањето на насилството на бандите и слабеењето на полицијата, се појавија „бригади за самоодбрана“ кои „делат правда“.

    Во 2023 година имало најмалку 528 случаи на линч, а годинава 59. Некои убиства беа спонтани, додека други беа поттикнати, поддржани или олеснети од полицајци и членови на антивладината борбена коалиција Г9 и нејзините сојузници, се вели во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img