More

    Одобрена е третата група од 122 договори

    spot_img

    На денешната 175-та седница на Владата, одобрена е третата група на договори на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година има рекорден број апликации од компании што, според Владата, значи дека расте довербата на бизнисот во институциите.

    „Напорите на оваа Влада за креирање партнерски однос и предвидлива економија вродува со плод. Оваа година има рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната седница на Владата на Република Македонија беше одобрена третата група од 122 договори, на 167-та владина седница беше одобрена првата група од 82 компании, на 127-та владина седница беше одобрена втората група од 90 договори и со ова се заокружува процесот со одобрени рекордни 294 договори за финансиска поддршка на инвестициски циклуси на компании“, соопшти владината прес-служба.

    Овие 122 компании, чии договори за поддршка на инвестиции беа денеска одобрени од Владата, наведува прес-службата, креираат нови и добро платени работни места.

    „Само во првата инвестициска 2022 година тие имаат отворено 523 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси, само овие 122 компании ќе отворат 1845 нови работни места. Инвестициите кои овие компании ги прават се исклучително важни во овој период на закрепнување од кризата. Нивните инвестиции укажуваат на агилноста и отпорноста на компаниите, како и можностите во нашата домашна економија. Овие 122 компании во првата инвестициска 2022 година инвестирале 44.6 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси ќе инвестираат 186 милиони евра“, информира Владата.

    Посочува дека со измените во Законот за финансиска поддршка на инвестиции од 2021 година се води сметка за рамномерниот регионален развој и се осигура поголема поддршка за компаниите во помалку развиените региони.

    „Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во изминатите шест години, од неговото воведување во 2017 година, склучени се договори за поддршка со 630 компании, кои се опслужуваат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како one – stop shop“, наведува владината прес-служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img