More

    Од ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат со закон да се спречи формирање на квази културни клубови

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Закон за измена и надополна на Законот за здруженија и фондации со што не само ќе се спречи идно формирање на квази културни клубови, како тоа на Цар Борис III, туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивен соучесник.

    – Во последниве две години, на политичката сцена во Македонија и Бугарија, за жал сѐ повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти што меѓу останатото резултира со обиди за искривување на вистината за холокаустот на Евреите од Македонија. Секако ова е во целосна контрадикторност со резолуцијата на Обединетите Нации за спречувањето на негирање на холокаустот од 20 јануари 2022, како и дефиницијата на ихра која е усвоена од Европската комисија. Само еден елемент на овој процес е отворање на т.н. културни центри со називи на контроверзни историски личности и фашисти, како што е Цар Борис III, кои имале директно учество во геноцидот на Евреите од Македонија. Би сакала да нагласам дека Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси, за мене, а верувам и за сите вас се неприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација – изјави денеска во Охрид пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во пресрет на отворањето на клубот Цар Борис III, во врска со кое ВМРО-ДПМНЕ и Левица повикаа на мирни протести.

    Според Мизрахи, ова претставува силување на македонскиот народ и неговото антифашистичко минато преку наметнување вредности на Третиот рајх затскриени преку злоупотребата на европската ѕвезда.

    – Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. Не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар. Секоја педа од оваа земја е натопена со партизанска крв. Дозволете да ве потсетам дека продавањето на сила, авторитет, уцена и диктат не се пријателство, а обљубата со присила е само тоа, силување – додаде таа.

    Мизрахи потсети дека пред 22 години на третата конференција за холокаустот во Стокхолм, поточно во 2000 година, барањето на Република Бугарија да биде прогласена за земја праведник – земја која ги заштитила Евреите од депортација, било одбиено од учесниците на конференцијата со образложение дека монархофастичкиот режим во Бугарија предводен од Цар Борис III и владата на Богдан Филов изврши депортација на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија.

    Македонија во текот на Втората светска војна загуби 7.144 Евреи кои беа депортирани од бугарската фашистичка војска, во логорот на смртта Треблинка од каде никој не се врати. Во нивен спомен, обележје во Скопје е изграден меморијален центар кој воедно е и единствениот сефардски меморијален центар во светот. Официјалната документација, која ја раскажува вистината за овие случувања во време на Втората светска војна, се наоѓа во самиот меморијален центар, меѓутоа и во Вашингтонскиот меморијален центар, како и Јад Вашем во Израел и се јавно достапни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img