More

    Бугарскиот професор Иван Динев Иванов го појаснува својот став

    spot_img

    Професорот од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Универзитетот во Синсинати во САД денеска реагираше во врска со написот на МИА од 5 октомври: „Бугарскиот професор Динев Иванов се извини за сите жртви за време на фашистичкиот период во Бугарија”, во кој се пренесени негови ставови од гостувањето во емисијата „Само вистина” на Канал 5 истата вечер, при што во својата реакција тој ги дообјаснува ставовите што ги изнесе.

    Во реакцијата Иванов вели оти изразил мислење дека му е „жал е за секој убиен во Македонија”.

    – Оваа тврдење е вистинито и ги вклучува сите жртви на територијата на Македонија и во Бугарија, како во периодот пред 1944 година, така и по тој датум од страна на комунистичките власти во НРБ и СФРЈ. На крајот на емисијата, како и во вестите од следниот ден, беа изнесени две лажни тврдења кои сакам да ги разоткријат овде – наведува Иванов во реакцијата.

    Според него, во пренесените информации се тврди дека се „извинува за настани од минатото”.

    – Јас изразувам жалење за човечките жртви, но тоа не може да се сфати како извинување. Самиот термин „извинување” го наметнува чувство на вина и имплицира оценка на активностите на бугарската држава и на другите учесници во конфликтот во 40-тите години на 20-от век. Во овој случај, ова тврдење на МИА за извинување не е информативно, туку интерпретативно и ги надминува информативните функции на медиумот, навлегувајќи во полето на политиката и историјата. На тоа поле збор треба да имаат не медиумите, туку експерти од областа на општествените и хуманистичките науки од Република Бугарија, Северна Македонија и други земји, наведува Иванов.

    Тој натаму додава дека во неговите изјави никаде не рекол оти бугарската власт во периодот 1941-1944 година била фашистичка.

    – Во тој период управувањето во Бугарија не е демократско по својот карактер, но тоа воопшто не е „фашистичко”, бидејќи ги нема карактеристиките на типичен фашистички тоталитарен режим како оној во Италија или типичен нацистички тоталитарен режим како оној во Германија.

    Во таа смисла, користењето на изразот „фашистичка влада” исто така е интерпретативно, а не информативно, вели Иванов во реакцијата.

    Според него, вака пренесената информација претставува искривување на неговите вистински зборови.

    – Јасно истакнав за време на моето учество дека настаните од минатото не треба да се инструментализираат за современи потреби, а во моментов се случува токму такво инструментализирање на минатото, со тоа што се прават неточни интерпретации на моите изјави – се вели во реакцијата на Иванов.

    МИА во продолжение интегрално пренесува дел од дијалогот меѓу Иванов, неговиот соговорник Сотир Костов и водителот на емисијата „Само вистина”:

    Иванов: Јас жалам за секој еден човек, но само ќе ве молам немојте да ја инструметализирате смртта на тие луѓе…

    Костов: Браво.

    Иванов: …И еве можност да кажам, доаѓам тука како млад човек и се обраќам кон вас како интелектуалец (кон Костов – н.з.) кој кажавте: еве ако Бугарите се извинат за тоа или кажат жалиме…, а еве јас кажувам: жалам. Дајте сега да одиме напред…

    Водителот: …Посебно почитувам што човек од Бугарија не се плаши да каже за фашистичкото минато на Бугарија, да каже, да се извини, да речеме, за тоа што го направила тогашната фашистичка влада на Бугарија во Македонија. Тоа е за почит. Добро ве пренесувам, така?

    Иванов: Така, точно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img