More

    Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се прошират мерките за помош на граѓаните

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија поднесоа 6 амандмани со кои бараат да се прошири опфатот на финансиската поддршка и за заборавените категории граѓани.

    – Со амандманите предлагаме финансиска поддршка од 3000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош. Бараме по 3000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3000 денари и за невработените лица кои се активни барали на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително, сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1000 денари месечно – изјави денеска Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Опозицијата смета дека е навредлива помошта од 750 денари за лицата корисници на правото на надомест за телесна оштетеност во услови на инфлација од 20%, потрошувачка кошничка над 50.000 денари и предлог буџет за 2023 година од 5,3 милијарди евра.

    – Најмалку што може да сторат колегите од мнозинството е заеднички да ја дуплираме помошта на 1500 денари месечно за периодот до 30 април 2023 година – додава Стојаноски.

    ВМРО-ДПМНЕ предложи секој викенд до крајот на кризната состојба да биде викенд без ДДВ за прехранбените производи, да се врати мерката субвенциониран студентски оброк, со износ од 160 денари дневно. Да се намалат акцизите на дизелот и бензинот, да се одложи прогресивното оданочување за дополнителна една година. Да се даде финансиска поддршка на сите граѓани на кои им е потребна, а не само на неколку илјади.

    За денес е закажана Комисијата за финансирање и буџет на која единствена точка на дневен ред е Законот за финансиска поддршка на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img