More

    Од ЕСМ бараат понуда за гасот до 20 октомври, ќе им требаат 225 милиони кубни метри

    spot_img

    „АД ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ, во кој допис од истите е побарано до 20.10.2022г да достават понуда за гас за периодот ноември-април“, соопштија попладнево од претпријатието.

    „Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции“, се вели во написот на ЕСМ.

    Потоа компанијата наведува колку кубни метри би ѝ биле потребни за претстојната сезона.

    „Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нм3 природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ-ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со истата“, стои во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img