More

    Од денеска па сѐ до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност

    spot_img

    Од денеска па сѐ до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. И понатаму ќе го имаме ветерот од јужен и од југозападен правец, и повремено ќе засилува на интензитет, прогнозира познатиот метеолог Славчо Попоски.

    Како што вели, во деновите коишто се пред нас, територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре према нашите краишта.

    Температурите значително ќе се покачат и во следниот период тие ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно тие ќе бидат рано-летни.

    Насекаде температурите низ Македонија ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 30 степени.

    Во Скопје и околината исто така ќе има многу сонце, но повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата во следните денови ќе биде рано-летна и ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img