More

    Обвинителството вели дека немало поголеми нарушувања на изборниот процес

    spot_img

    До затворањето на избирачките места на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија izbori@jorm.mk не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираа вечерва од Обвинителството.

    „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес“, соопшти Обвинителството.

    Како што информираат од ЈО, привремената комисија на Јавното обвинителство за евентуални изборни нерегуларности го следела текот на гласањето, а во текот на денот биле организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства. Јавното обвинителство се координирало и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.

    „Комисијата ќе продолжи со својата работа до завршување на изборниот циклус. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, наведуваат од Јавното обвинителство. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img