More

    Облачно и посвежо време со врнежи од дожд

    spot_img

    Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

    Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

    Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 14 степени.

    Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img