More

    Објавен оглас за распределба на социјалната зграда во Виница

    spot_img

    Топол дом и покрив над глава ќе можат да добијат 36 семејства од социјално ранливите категории на граѓани во општина Виница. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во присуство на помошник директорот за градба и уредување на градежно земјиште при АДИССДП, Билјана Главинчевска Вранишкоска и претставници од Центарот за социјални грижи во Виница објави јавен повик за распределба на нова социјална зграда во овој град.
    Право на аплицирање за добивање на социјален стан имаат: деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.
    Според Бочварски, на огласот можат да се пријават само лица коишто се жители на општина Виница, државјани на РСМ, без стан во лична сопственост или на брачниот другар и полнолетни членови на неговото заедничко домаќинство.
    Јавниот оглас ќе биде во траење од 32 дена од денот на распишување, односно од денеска, па се до 16 ноември.
    „ За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбедува потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас“, посочи министерот Бочварски.
    Помошник директорот, Главинчевска Вранишкоска, посочи дека становите на оваа зграда, која беше завршена пред три месеци се со површина од 36-45 м2, а вредноста на објектот во целост изнесува околу 75 милиони денари.
    Социјалната зграда во Виница е дел од проектот Ф/П 1674 со кој се опфатени повеќе општини на територијата на РСМ. До сега се завршени 22 објекти. Во завршна фаза се објектите во: Демир Капија и Неготино, во изградба се зградите во Скопје (о.Бутел и Сарај), Дебар, Велес и Кочани, а планирани за идна градба се Пехчево, Прилеп и Штип.
    „Овој проект е од врвно значење за Акционерското Друштво имајќи предвид дека со него се решава станбеното прашање на голем број семејства од ранливите категории“, истакна Главинчевска Вранишкоска.
    Ставајќи акцент на успешноста на проектот, таа го посочи фактот дека АДИССДП е во интезивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа за продолжување на соработка за нови проекти за изградба на згради и во други општини на територијата на РСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img