More

    Обамејанг се прости од репрезентацијата

    spot_img

    Искусниот напаѓач од редовите на Барселона реши да се прости од репрезентативниот дрес.

    Пјер-Емерик Обамејанг се прости од репрезентацијата на Габон. Репрезентацијата играше на Африканскиот куп на нации и заврши во осминафиналето каде беше исфрлена од Буркина Фасо на пенали.

    Во тимот го немаше Пјер-Емерик Обамејанг, кој играше во Дубаи пред првенството и подоцна беше позитивен на корона вирусот. Напаѓачот беше отстранет од тимот – официјално поради корона вирусот, а неофицијално поради неговото однесување.

    Федерацијата на Габон преку официјално соопштение објави дека Пјер-Емерик Обамејанг одлучил да стави крај на репрезентативната кариера. Тоа значи дека репрезентативната кариера на напаѓачот ќе застане на 72 натпревари и 30 постигнати голови.

    „После 13 години претставување на мојата земја, најавувам дека ја завршувам кариерата во репрезентацијата. Би сакал да им се заблагодарам на луѓето од Габон што ме поддржуваат и во добро и во зло. Ќе имам многу убави спомени“, напиша тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img