More

    Новата ракета која Северна Кореја синоќа ја лансираше во правец на Тихиот Океан не ги прелетала островите на Јапонија

    spot_img

    Новата ракета која Северна Кореја синоќа ја лансираше во правец на Тихиот Океан не ги прелетала островите на Јапонија, соопшти јапонската влада корегирајќи ги своите претходни тврдења. Ракетата на Ким Јонг Ун сепак, била наменета да го стори токму тоа. Војската на Јужна Кореја објави дека обидот за интерконтинентална проба не успеал „за време на втората фаза на разделувањето”.

    – Ракетата што денеска ја лансираше Северна Кореја не прелета над Јапонија и покрај специјалните предупредувања издадени до жителите на делови од северниот дел на јапонските острови – изјави министерот за одбрана на Јапонија, Јасуказу Хамада.

    Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека не е познато дали проектилот бил со среден или голем дострел, повикувајќи се на информации од јужнокорејската војска.

    – Ракетата беше откриена дека има потенцијал да прелета над јапонскиот архипелаг и беше издадено (специјално) предупредување, но по проверката на оваа информација потврдивме дека проектилот не поминал над архипелагот, туку исчезнал над Јапонското Море – објасни министерот за медиумите.

    Северна Кореја денеска лансираше три балистички ракети, од кои едната беше ракета со голем дострел. Според информациите на јужнокорејската војска, другите два проектила биле со краток дострел. Жителите на областите Ниигата, Јамагата и Мијаги беа предупредени да бараат засолниште или да останат во затворени простории, а брзиот воз Шинкансен накратко ја прекина работата.

    – Новите лансирања на проектили се безобразие и не може да се толерираат – изјави денеска премиерот Фумио Кишида.

    Се верува дека Северна Кореја се обидела да лансира интерконтинентална балистичка ракета за да ги демонстрира своите воени способности, но лансирањето било неуспешно, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

    САД го осудија денешниот обид на Северна Кореја да лансира интерконтинентална балистичка ракета и повикаа на строго спроведување на санкциите на ОН против Пјонгјанг.

    Лансирањето „ја нагласува потребата сите земји целосно да ги спроведат резолуциите на Советот за безбедност” со кои се воведуваат санкции кон Северна Кореја, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

    Военото воздухопловство на Јужна Кореја соопшти дека ќе ги продолжи тековните заеднички воздушни вежби со САД – најголемите такви вежби досега – поради „неодамнешните провокации” на Северна Кореја.

    „Заедничките воздухопловни сили се согласија да ја продолжат вежбата  што почна на 31 октомври поради неодамнешните провокации на Северот”, се вели во соопштението на воздухопловните сили неколку часа по лансирањето на три проектили од Пјонгјанг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img