More

    Нов земјотрес во Турција: Десетици повредени, татко и ќерка под урнатини

    spot_img

    Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Јешиљурт во Малатија, Турција. Според информациите на Hurriyjet, едно лице загинало, а 69 се повредени. Спасувачите трагаат по татко и ќерка кои се заробени под урнатините.

    Новиот земјотрес во Турција предизвика уривање на веќе оштетени згради.

    Повредени се работници, но и граѓани кои влегле во нивните оштетени домови за да го подигнат она што останало од работите, пишува Хуриет.

    Според податоците на АФАД, акцијата за спасување е во тек во пет објекти.

    „Од земјотресот во Мараш, речиси на секои три минути се соочуваме со последователни потреси. Постојано им порачуваме на граѓаните да не се приближуваат до оштетените објекти. Земјотресите продолжуваат, а зградите се уриваат. Останете подалеку од зградите“, рече претседателот на АФАД, Јунус Сезер.

    Дваесет лица се пренесени во болница, а уништени се 22 згради.

    Таткото и ќерката кои останале под урнатините дошле во нивниот стан кој се наоѓал на првиот кат да си ги соберат работите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img