More

    Нов силен земјотрес го погоди Авганистан, има жртви

    spot_img

    Најмалку осум лица загинаа во земјотрес во североисточен Авганистан рано наутро во понеделникот, а билансот може да се зголеми, објави државната авганистанска новинска агенција, цитирајќи регионален претставник.

    Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случи во раните утрински часови во близина на источниот град Џалалабад, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). „Земјотресот што се случи во неделата вечерта предизвика финансиски и човечки загуби во провинцијата Кунар“, изјави за новинската агенција Бахтар Мавлави Наџибула Ханиф, портпарол на гувернерот на провинцијата, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

    Според првите извештаи, шест лица загинале, а девет се повредени, изјави портпаролот на Министерството за катастрофи Мухамед Насим Хакани.

    Авганистан сè уште се опоравува од силниот земјотрес во јуни во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе и збриша многу села на истокот на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img