More

    Нивниот син ја видел нејзината секс-снимка

    spot_img

    Ким Кардашијан плачеше пред камерите откако сфатила дека сè уште ја прогонува снимката со секс од 2002 година. Во премиерната епизода на новата семејна серија Кардашијан на американската мрежа Hulu можете да ја видите Ким како плаче бидејќи видеото стигнало до нејзините деца.

    Контроверзното видео ја прослави 41-годишната ријалити ѕвезда. Една компанија специјализирана за забава за возрасни наводно платила 1 милион долари за секс-снимката на тогаш релативно непознатата старлета и нејзиното момче, пејачот Реј Џеј. Набрзо започна семејното шоу „Во чекор со Кардашијан,“ кое се емитуваше 20 сезони. Сега е обновено под ново име на новата мрежа.

    Во првата епизода, нејзиниот шестгодишен син Сент ѝ ја покажува својата игра Roblox на Ајпед, а лицето на Ким се смрачува.

    „Ќе ги тужиме ако е тоа игра со моето име и мојата слика“, ѝ рекла таа на сестрата Клои додека го зема Ајпедот од Сент.

    Таа подоцна објаснила пред камерата дека видела фотографија од нејзиното расплакано лице со линк до „супер несоодветна досега необјавена секс-снимка“.

    „Како мајка, последното нешто што сакам е моето минато да се врати 20 години подоцна. Ова е многу срамно и сега морам да се справувам со тоа. Да беше мојот син малку постар и да знае да чита, ќе се згрозев. Јас умрев внатре“, рекла таа.

    Во подоцнежните сцени, таа разговараше со нејзиниот адвокат, Марти Сингер, за „заканите“ дека има повеќе снимки.

    „Менаџерот на Реј Џеј тврди дека има секс-снимка од Санта Барбара“, му рекла Ким на Марти.

    „Тие тврдат дека ова е необјавена снимка. Не знам што имаат. Ми виси над глава 20 години. Тоа беше грешка. Или не. Тоа беше моето момче. Бевме на одмор и снимивме видео“, потоа рекла пред камерата.

    Имено, таа и Реј Џеј биле на одмор во Кабо, Мексико, славејќи го нејзиниот 23-ти роденден кога решиле да ја снимаат акцијата во спалната соба.

    – Срам ми е што излезе, но тоа не е најскандалозното нешто досега и нема да се чувствувам така. И јас сум само човек – додала Ким.

    Потоа му се јавила на Канје Вест (сега веќе поранешен сопруг со кого доби четири деца) и се расплакала додека му ја објаснувала ситуацијата.

    „За малку ќе умрев кога Сент мислеше дека е смешно“, рекла таа.

    „Му благодарам на Господ што сѐ уште не знае да чита. Само преку мене мртва ова ќе се повтори. Сакам тоа да исчезне“, заклучила старлетата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img