More

    Еве што се по образование Јелена и Новак Ѓоковиќ

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ имал само седум години кога децидно изјавил дека сака да биде најдобриот тенисер на светот. Работел напорно на тоа, па училиштето останало во втор план. Сепак, го завршил основното училиште Бора Станковиќ во белградската населба Бањица, а паралелно со Тениската академија на Никола Пилиќ, како тинејџер ја посетувал Спортската гимназија.

    Јасно е дека не можел да заврши средно образование како што тоа го прават другите, „обичните“ ученици. Поради обврските и патувањата на турнири бил „вонреден случај“ и доаѓал само кога требало да ги полага испитите.

    Но, во истата институција ја запознал во 2005 година љубовта на својот живот.

    По основното училиште „Дринка Павловиќ“ во центарот на Белград, Јелена, тогаш Ристиќ, која тренирала  атлетика, образовниот пат го продолжила во Спортската гимназија. Подоцна се запишала на Бокони во Милано, еден од најдобрите приватни колеџи во Италија, каде што студирала бизнис администрација, а потоа и магистрирала. Бидејќи тоа не ѝ било доволно, затоа што сметала дека никогаш не е доволно знаење и образование, во 2011 година го одбранила докторатот на тема „Luxury Management and Services“ на Меѓународниот универзитет во Монако. Благодарение на сите овие дипломи, Јелена Ѓоковиќ денес одлично раководи со Фондацијата што ја основа со нејзиниот сопруг.

    Во меѓувреме, Новак се вивна во самиот врв на светскиот тенис. Со Јелена се со години во брак, во кој добија две деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img