More

    Николовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ проблемот може да го реши за половина година

    spot_img

    СДСМ и ДУИ влегоа во седма година заедничка власт, која од првиот ден е карактеризирана со големи корупциски скандали и целосно уривање на правната држава, како и одбивањето да се воведе функционален систем на владеење на правото и да се удри по криминалот и корупцијата. Ваквата состојба ѝ штети на државата и ја одвраќа ЕУ да изврши притисок врз Бугарија, пишува меѓу другото во колумна, потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

    Тој, како што пишува, сака да обрнае внимание дека и  самобитноста на македонскиот народ и самостојноста на македонската држава, се загрозени поради криминалот и корупцијата на власта . Поради тоа, како што додава, Европската Унија не врши притисок врз Бугарија да ги напушти своите негаторски политики кон Македонија како услов за почеток на преговори за членство.

    „Бугарија е најслабата земја-членка на ЕУ. Ние немаме проблем со најсилната членка на ЕУ, туку со најслабата и многу повеќе Европската Унија ѝ треба на Бугарија отколку што Бугарија ѝ треба на ЕУ. Никој не може да ме убеди дека најголемите главни градови на ЕУ не можат да направат притисок врз Бугарија. Доколку сметаа дека Македонија заслужува почеток на преговори, ќе ја решат работата за едно попладне. Ќе пратат еден дипломатски тешкаш, ќе се сретне во Софија со кого треба да се сретне, нема потреба ни на преспивање да останува и работата ќе биде завршена. Но, бидејќи Македонија тоне во криминал и корупција, во врвот на СДСМ и ДУИ тоа не се случува“, пишува Николовски.

    Според него, тоа се покажа како вистинито и во изминативе години.

    „Во 2018 година постоеше една еуфорија околу Заев. Пролетта таа година се зборуваше за решение за името и оти Македонија бргу ќе почне преговори за ЕУ. Јас тогаш реков дека дури и Заев да го реши спорот со Грција нема да почнеме преговори за членство сѐ додека оваа корумпирана влада е на власт. Ниту еден европски политичар не сака да седне на маса со друг политичар што е корумпиран.Тогаш бев напаѓан дека тоа е научна фантастика, дека го зборувам само затоа што сме од различни политички опции. За жал, по неколку месеци тоа се оствари. Само 12 дена по срамниот договор од Преспа, ЕУ не додели датум за почеток на преговорите“, пишиува николовски во колумната.

    Николовски потсетува на барањата на ЕУ упатени до земјава, меѓу кои е и борба со организираниот криминал и корупција на високо ниво. Се даде една година ова да го заврши.

    „По една година, не само што не ги завршија овие работи, туку се случи аферата „Рекет“, каде што таа што требаше да ја гони корупцијата беше фатена со „луј витон“ чанта со милион евра внатре. До денес овие прашања не се решени и затоа неколку големи земји-членки на ЕУ, а тука не мислам на Германија, сметаат дека Македонија не заслужува почеток на преговорите и не прават никаков притисок врз Бугарија. Бугарија им е добар изговор да не треба тие да ставаат вето.

    Според него, со влада на ВМРО-ДПМНЕ, државата може да се среди за шест до девет месеци со силна битка против организираниот криминал и корупцијата и имиџот на Македонија кај ЕУ ќе се смени на позитивно.

    „Најголем доказ за ова се изјавите на амбасадорите на неколку земји на ЕУ кои веќе не се ни кријат зад убави флоскули. Еден од нив рече дека промената на Уставот нема врска со преговорите со ЕУ, бидејќи Македонија имала 15 години да направи реформи“, пишува во колумната.

    Николовски додава дека земјава има и добри закони и добро поставени институции.

    „Не треба да трошиме време ниту на менување закони, ниту на формирање институции, туку само тие да се стават во погон и да им се даде слобода да работат, да немаат политички притисок и верувајте за шест до девет месеци ќе се испорачаат резултати и Македонија ќе почне да се средува“, смета Николовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img