More

    Никола Груевски за проекциите на Светска банка за економскиот раст на Македонија

    spot_img

    Во минатото, кога ја предводев владата, според растот на економијата не се меревме со земјите од западниот Балкан, туку со цела Европа, со најуспешните.

    Па така, во периодот 2007-2015 година, според просечната стапка на раст на БДП, Македонија е со четврто најдобро остварување/раст споредено со земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот, време во кое исто така имаше светска финасиска криза, европска должничка криза и домашна политичка криза.

    Па така, Македонија имаше неколкукратно повисок раст од просечниот во Европа.

    Македонија забележа четврти највисок економски раст во Европа во 2014 година, на пример, или шести најголем раст во 2015 година, трето најдобро остварување во 2009 година итн.

    Ги остваривме и највисоките растови на економијата во една година во историјата на Македонија, до денес не надминати, како 6,5% во 2007 година и 5,5% во 2008 година итн.

    За жал, времињата за Македонија се променија.

    Светската банка неодамна објави проекција на растот на економијата (БДП)за 2023, 2024 и 2025 година за сите шест земји на Западниот Балкан.

    Македонија е со најнизок раст во сите три години.

    На фотографијата подолу има проекции за сите три години за сите шест земји: Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија.

    Македонија најутепана!

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img