More

    Невреме во Тетово и Лажани – поплавени се куќи, подруми и гаражи

    spot_img

    Тетово и околината вечерва околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи , како и излевање на канализацијата од неколку шахти.

    ЦУК информира дека на загрозените места интервенира Територијалната противпожарна единица Тетово.

    Патот кон село Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење.

    Поплавени се улиците Улица 141 , „Фуштанска, Илинденска, Улица 114, Мирце Ацев, Улица 121…

    Тетовскиот Кризен штаб е активен, а раководителот на РЦУК Тетово ги известил членовите на штабот за поплавите, по што вработени од Јавното комунално претпријатие Тетово и од Општина Тетово се на терен со два багери што ќе интервенираат на каналот што поминува низ село Мала Речица.

    Припадниците на СВР Тетово се на терен со сите сили за да обезбедат побрзо регулирање и нормализирање на сообраќајот. Се праваат напори во нормализирање на вкупната состојбата на теренот погоден од обилните поројни врнежи.

    Според РЦУК Тетово, поројска река во правец Тетово – Јажинце е со критично ниво и постои ризик за излевање на надојдената вода. Испратен е багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово – Јажинце.

    Поплавени се 50 куќи и во село Лажани, општина Долнени, откако пороен дожд вечерва го зафати Пелагонискиот регион.

    Градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески за МИА изјави дека повредени нема и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река.

    – Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи – рече градоначалникот.

    Информира дека има евакуирани граѓани, и тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели.

    Во моментот на терен се наоѓат екипи на Центарот за управување со кризи, противпожарни возила, како и граѓани кои со трактори кои им помагаат на екипите.А

    Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

    Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img