More

    Непречен транспорт на компримиран природен гас за Македонија

    spot_img

    Капацитетите што се затоплуваат со компримиран гас ќе можат непречено да набавуваат ваков енергенс од Србија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
    Од Србија, како што кажа, имаше забрана за извоз на гас поради што до Владата се обратија дел од институциите од образованието и од здравствениот сектор што користат компримиран гас што со специјални цистерни се транспортираше во земјава во текот на изминатите години.

    – Со цел да не останат без овој енергенс стапивме во контакт со премиерката на Србија и по интензивна комуникација врз основа на наше барање беше донесена одлука на Владата во Србија за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас. Испораката на гас тековно се случува. Имаше забрана од неколку дена, но таа веќе не постои со што веројатно и денеска се испорачува – рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при пуштањето во работа на новата американско-кинеска инвестиција во ТИРЗ Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img