More

    Нема СЗО туку „самоменаџирање“ за српското малцинство

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти го оценува непотпишаниот договор во Охрид како „де факто признавање на Косово од Србија“.

    – Основниот договор е де факто меѓусебно признавање. Значи, ова е признавање меѓу Косово и Србија. Србија, исто како и на последната средба во Брисел, го избегна потпишувањето на Договорот и сега на анексот. Останува на ЕУ да најде механизам договорот да го направи правно и меѓународно обврзувачки – рече Курти во Приштина.

    На прашањето дали ќе дозволи формирање на Асоцијација на српски општини, Курти рече дека станува збор за „адекватно ниво на самоменаџирање на српската заедница“, а не за самоуправа.

    – Тоа не е самоуправа, туку самоменаџирање. Второ, јас сум премиер на сите граѓани, затоа се обврзувам не само за Албанците, туку и за Србите и другите малцинства. Во овој аспект има параграф кој зборува за соодветно ниво на самоменаџирање на српската немнозинска заедница или на српското малцинство во Косово, секако дека ќе се водиме според највисоките стандарди за Србите во Косово да нема никакво загрозување, никаква дискриминација – додаде Албин Курти, премиер на Косово.

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се договорени „неколку рокови“ и дека е договорено во рок од 30 дена заеднички да се формира мониторинг комисија, со која ќе претседава ЕУ, а која ќе го следи спроведувањето на договорот. Тој рече и дека е договорено „веднаш да започне формирањето на Асоцијацијата“.

    – За нас е многу важно што формирањето на Асоцијацијата на општини со српско мнозинство е одлучено како приоритетна обврска и тоа во согласност со договорите постигнати претходно, во рамките на дијалогот. Морам да кажам дека сум многу задоволен поради тоа – рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img