More

    Нема повеќе карантин за луѓето заразени со коронавирус во Австрија

    spot_img

    Од 1 август во Австрија се укинува задолжителниот карантин за заразените со коронавирус, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Јоханес Рауч. Оние кои се позитивни на инфекцијата и не се чувствуваат болни затоа ќе можат да излезат од дома, но од нив ќе се бара да носат маска од типот FFP2, рече тој.

    Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч зборуваше за новата фаза на пандемијата на Ковид-19, во која имаме на располагање вакцини и лекови за борба против болеста. Според него, мора да се земат предвид и психолошките и социјалните последици од пандемијата.

    Катарина Рајх, претставник на Министерството одговорно за областа на јавното здравје, додаде дека коронавирусот ќе остане со нас долго време и мора да се прилагодиме на него. Таа истакна дека само кај 50 отсто од сите хоспитализирани со Ковид-19, основна причина за хоспитализација е оваа болест, пренесува австриската агенција АПА.

    Сепак, Рауч повика на претпазливост. „Кој е болен нека остане дома“, рече тој. Тоа треба да им се олесни и на луѓето со повторно воведување на можноста за електронско пријавување за боледување, најави тој. Според текстот на соодветната регулатива, на која се повикува АПА, таа не треба да биде целосно без ограничувања. На пример, не треба да им се дозволи на заразените да влегуваат во болници и домови за стари лица, градинки и училишта. Но, таму ќе можат да работат и заразените вработени, секако со маска.

    Според сегашната регулатива, периодот на карантин за инфекција со коронавирус во Австрија трае најмалку пет дена. Седумдневната инциденца на зарази во земјава во моментов е 900 случаи на 100.000 жители. Во споредба со минатото лето, повеќе пациенти со Ковид се лекуваат во болниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img